Мауро Икарди им рекол на пријателите дека од инат ќе седи на купа и ќе зема плата секој месец, пишува италијанска La Repubblica која објавува детали за иднината на фудбалерот.
Наводно, Конте на челниците на Интер им соопштил дека не го сака играчот, а веќе некое време се бара потенцијален купувач за него.
Бракот со Ванда Нара и препуштањето на кариерата во нејзини раце на Икарди му донесоа многу пари, но и проблеми поради кои е непосакуван на пазарот. По лошата форма на подготовките, Конте го ставил на посебен режим надвор од останатите момци, а клубот објави и дека Икарди нема да оди на турнеја.
Аргентинецот, тврди La Repubblica, по ова полудел.
„Многу ми е гајле. Ќе оставам овде, ќе седам на клупата и две години ќе земам плата.“ – наводно им рекол фудбалерот на своите пријатели.
Be the first to write a comment.