Вчера француските медиуми објавија дека бракот на Ванда Нара и Мауро Икарди би можел наскоро да биде завршен, а таа вест одекнала во светот на спортот.

Вабда е сопруга и менаџерка на фудбалерот на ПСЖ, а напозната е по тоа што го остави Макси Лопез токму поради Икарди. А изненади на социјалните мрежи со објава на Инстаграм во која го обвини Икарди за неверство.

„Уште едно семејство уништи поради ку*ва“– напиша Ванда Нара.

Таа и престана да го следи Икарди на социјалните мрежи, ги избриша сите заеднички фотографии, а арегентинските медиуми откриваат дека престанала да ја следи и Чина Суарез, познатата аргентинска актерка, која наводно е причина за кавга на славниот пар.

Веднаш потоа се огласи и ПСЖ, кој поради се му дозволија на Икарди да го пропушти вчерашниот тренинг поради семејни причини.

Синоќа на социјалните мрежи се огласи Икарди кој објави заедничка фотографија со Ванда во негова прегратка и означи дека истата е направена во Милано, но не е јасно дали се смириле или Икарди само се присетува на убавите заеднички моменти.

Недолго после ова Икарди на својата сопруга и го честиташе денот на мајката.