„Шпанската“ сапуница полека ја прелева Европа, најавите за трансфер на дел од најпознатите напаѓачи влегува во нова димензија.

Икарди е пречката што Лукаку сеуште не е дел од Интер, тврдат медиумите од Италија кои најавуваат позајмица на Игуаин во Рома од Јувентус. Конте е во дилема околку составувањето на тимот за дуело до Јунајтед во сабота а Јувентус сеуште не може да најде вистинско место за Дибала во почетниот тим.

Нејмар пак е посебна приказна, понуден е на Сити, Јунајтед, Баерн и на Реал Мадрид а тој сака во Барселона, екипата која засега не покажува доволна финансиска моќ за да го купи.

За овие теми наскоро ќе има разврска а Вие почитувани, ќе можете да ги дознаете последните информации на дриблинг.мк. Времето на трансфер-саги продолжува….