ПСЖ во Мауро Икард сезонава доби шпиц од светска класа, а тоа Арентинецот со игрите само го потврдува тоа. Икарди пристигна на позајмица од Интер, а „светците“ сериозно размислуваат да го му го откупат договорот.

Откупната клаузула изнесува 65 милиони евра, а голгетерската серија на 26-годишникот гласи девет погодоци на десет меча, што е одлична вест за тренерот Томас Тухел. Се споменува и зголемување на тековната плата на Икарди од девет на 12 милиони евра годишно. Таа сума би се зголемила со бонусите во зависност од неговите придонеси во тимот.

Доколку Икарди го продолжи престојот во Париз скоро сигурно Едисон Кавани ќе бара нов клуб веќе следното лето.

 

.