Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и ПСЖ се договориле околу трансферот на Икарди во Франција.

По долгите преговори Интер прифатил за Икарди 60 милиони евра прус бонуси и со завршува трансфер сапунуцата со Аргентинецот кој оваа сезона ја помина како позајмен во првакот на Фрацнија.

Икарди ќе потпише четиригодишен договор со ПСЖ со плата од 350 000 евра неделно.

Во меѓувреме Нејмар започнал да агитира соиграчи за бунт против првиот човек на клубот, Ал Келаифи поради најавеното намалување на платите и забраната тој да си замине од Франција и да се врати во Барселона.