Мауро Икарди на лето се очекува да се врати во Серија А во тимот на Јувентус, но преку трансфер од ПСЖ каде во моментот настапува на позајмица од Интер.

Во последните неколку седмици беше објавено дека Икарди не е задоволен од неговата улога во ПСЖ, каде сепак е трета опција во однос на Нејмар и Мбапе во напаѓачката линија на „светците“.

„Тутуспорт“ тврди дека Бјанконерите, кои се обиделе да го потпишат Икарди минатото лето, би можеле да направат уште еден обид за негово доведување во Торино, но сега со поинаков метод.

Имено, знаејќи дека шансите Интер да прифати директна понуда од „Старата дама“ за Икарди се мали, се претпоставува дека  ПСЖ ќе го откупи Икарди за договорената цена од 70 милиони евра, а потоа веднаш ќе продаде на Јувентус за сума од 85.милиони евра.