Мауро Икарди не губи надеж, очекува да биде вратен во екипата доколку Интер не склучи договор со Един Џеко и Рома.

Антонио Конте не го сака Икарди во составот и тоа јасно го кажа, сепак напаѓачот од Аргентина кој е во отворен конфликт со клубот се надева на евентуален неуспех на Интер во преговорите со Рома па тој да биде втора опција.

Интер го резервира дресот со број 9 за Ромелу Лукаку и јасно даде до знаење дека не смета на Икарди, сепак според „Sky Sport Italia“ Икарди е можно да добие нова шанса кај Конте доколку Џеко не потпише за тимот од Милано.