Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас ќе биде директор на Порто, се до моментот додека не се рехабилитира во целост од срцевиот удар кој пре преживеа во мај.

Поранешниот голман на Реал Мадрид не сакал да се пензионира од активното играње фудбал и затоа ја прифаќа оваа улога  која ќе ја извршува со цел наскоро одново да може да игра.

„Ќе се обидам да направам добри врски меѓу играчите и клубот. Консеисао сакаше да останам тука и да му помогнам со играчите. Ќе го дадам најдоброто од мене“. – изјави Касиљас