Според информацијата што ја пласира Il Messaggero, УЕФА побарала од Интер и од Рома да се откажат од Лига Европа, за да може ова натпреварување да продолжи во нормален режим.

Причината е што УЕФА смета дека така Лига Европа ќе има крај според планираниот календар, што нема да му посмета и на терминот во кој е планирано ЕУРО 2020.

Двата италијански клуба го одбиле ова барање, после што добиле гаранција од УЕФА дека нема да бидат дисквалификувани поради одложувањето, бидејќи не е нивна вина што е сопрен авиопревозот меѓу Шпанија и Италија.