Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Дени Илиев најави дека наша цел на двете врзани гостувања кај Израел и Летонија се шест бода.

Две победи од двете гостувања, тоа е планот во продолжението од квалификациите за ЕП 2020 година, Илиев смета дека можеме да запишеме победи против Израел и Летонија.

„„Нашата цел е да играме за шест бода на овие две гостувања. Нема  да се откажеме, играме против Израел пред две години и победивме. Очекуваме топло време, но ние нема да се предадеме. Прво сакаме да  го победиме Израел, па да патуваме во Летонија и да освоиме уште три бода“ – изјави Илиев.

Натпреварот меѓу Израел и Македонија се игра на 5 септември, во Бер Шева.