Македонија ќе мора да се снаоѓа без двајца стандардни првотимци за натпреварот против Австрија на 16 ноември.

Напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски доби жолт картон во 34 минута по еден старт над Левандовски и акумулираше три жолти картони што значи, суспензија за пресметка со Австрија.

Поради истата причина, Бобан Николов нема да биде во комбинација за настап за мечот од 9 коло од квалификациите за ЕП 2020.

До крајот на евроквалификациите покрај гостувањето во Австрија, Македонија ја очекува и дуел со Израел на домашен терен на 19 ноември.