Илија Несторовски ја предводеше Македонија од 1 минута против Израел. Со капитенската лента на раката, напаѓачот на Удинезе имаше една голема шанса но не успеа да ја реализира.

Ремито во Бер Шева покажало дека нашиот национален тим има капацитет и покрај тоа што многумина не веруваат во оваа група на фудбалери.

„Посебно е чуството да се биде капите на репрезентацијата. Пресреќен сум затоа што различно е да се носи капитенската лента во клуб и во репрезентација. Што се однесува до мечот, бевме договорени да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата шанса. Оваа репрезентација покажа карактер особено по тоа поразот од Австрија по кој бевме многу „плукани“. Нашата цел е пласман на второто место на тебелата и во пресметката со Летонија одиме на победа.“ – изјави Несторовски.