Напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски најверојатно нема да може да настапи за Македонија на престојното Европско првенство.

Ова е последната информација од Италија, откако Несторовски ја повредил левата нога и според првичните прогнози, тој има многу мали шанси за да се опорави навремено за настап на ЕУРО.

Несторовски не беше дел од селекцијата на Македонија во победата против Германија, поради инцидентот во Скопје и пцовките пред камерата на сред натпревар.

Повеќе информации околу состојбата со повредата на искусниот напаѓач се очекуваат за подоцна во текот на денот.