Французинот Клеман Ленгле во Барселона дојде минатото лето од Севилја за сума од 36 милиони евра во Барселона.

„SportSport” пишува за скромниот Ленгле  кој брзо се адаптира во Барселона, популарен е, богат , но не се расфрла со пари…

Ленгле живее скромно, не сака да го смени стилот, парите можат само д аве расипат, вели во изјава за „SportSport”.

„Кога ќе отидам во ресторан нема м проблем да потрошам 40 или 100 евра за храна, но морате да имате граница за се. Гледам дека скоро секој играч купува Ферари, мислам дека тоа не е нормално, тоа е само автомобил и јас сметам дека е непотребно така да се расфрлаат пари“ – изјави Ленгле.

Французинот според неофицијални информации заработа над 5. милиони евра годишно во Барселона.