Екипата на Тотенхем е во потрага по наследникот на Жозе Мурињо а најновите информации говорат дека екпата од Лондон наследникот го бара во Италија.

Откако не успеаа да го договорат Тен Хаг од Ајакс кој го продолжи договорот со Холандскиот гигант „кокошките“ ќе се насочат кон Симоне Инзаги кој неколку години успешно го води Лацио.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Инзаги во моментов е прв фаворит за тренерското столче во Тотенхем.

Инзаги неколку години со успех го води Лацио, но одолговлекува со потпишување нов договор токму поради фактот што очекува понуда од Англија.

Наводно раководните луѓе од Тотенхем стапиле во контакт со агентот на Италијанецот и ги започнале преговорите