Унаи Емери треба да го имате во клубот ако сакате финале во Европа Лига, го однесе и Вилјареал во финале, откако „жолтата подморница“ издржа во Лондон со Арсенал и со 0-0 стигна до финале, секако клучна беше победата на првата средба со 2-1 во Шпанија.

Вилјареал стигна до прво европско финале во историјата, Емери до петто, претходно тоа му успеа со Севилја и со Арсенал.

Емери со Вилјареал ќе игра за титула против Манчестер Јунајтед во Европа лигата, тоа е негово петто финале во кариерата.