Се помалку  шанси има  финалето на Лигата на шампионите да се игра во Истанбул, последните денови се повеќе се зборува дека последниот натпревар оваа сезона ќе се игра во Англија. Но, сега во приказната се приклучи и друга земја.

Според пишувањата на Скај Спорт, тоа е Португалија.

Интернет состанокот на владата на Обединетото Кралство со Уефа е закажан за утре, а потоа треба да се знае точно каде ќе се игра натпреварот, кој ќе одлучи кој ќе биде европски шампион за оваа сезона

Португалија би им одговарала на англиските навивачи затоа што не е на црвената листа, како Турција. Што значи  дека на сите што патуваат на овој натпревар не им е грижа дали по  враќањето во својата земја ќе мораат да одат во карантин, што би било случај со Турција.

Последен кандидат беше Вембли, а пред тоа, стадионот Астон Вила дури се споменуваше и како домаќин на финалето, но јасно е дека се намалуваат шансите натпреварот да се игра во градот на Босфорот.

Да потсетиме, Португалија, поточно Лисабон, минатата година беше домаќин на финалето во Лигата на шампионите, поточно стадионите на Бенфика и Спортинг беа сцена на натпреварите на најдобрите осум екипи во Европа, а финалето се играше на стадионот Луж во Лисабон, каде Баерн победи со 1-0 против ПСЖ.

Манчестер Сити и Челзи се во финалето на годинашното издание на Лигата на шампионите, а натпреварот е закажан на 29 мај.