Златната копачка во Европа за сезоната 2019/2020, Чиро Имобиле е трансфер цел на повеќе тимови од Европа, но тој има поинаков план.

„Планирам да се обврзам на верност кон Лацио засекогаш. Продолжувањето на договорот ќе биде на три години. Што значи ќе заврши во 2025 година кога ќе наполнам 35 години. Пред да дојдам во Лацио, бев во комуникација со Наполи, но никогаш не се договоривме. Наполи е градот каде што сум роден, секогаш ќе ги следам со внимание, но Лацио ми даде нешто бесценето.“ – вели Имобиле.

Имобиле оваа сезона постигна 36 голови во Серија А и се израмни со рекордот на Игуаин.