На 68-годишна возраст, синоќа, во Скопје, почина Бранко Костадиновски (1952-2020). Тој речиси целиот работен век (до 2015-та) го помина во Фудбалската федерација на Македонија.

Беше дел од Комисијата за натпреварување задолжен за Прва и Втора македонска фудбалска лига, а подоцна задолжен за натпреварувањата во футсал преку Комисијата за мал фудбал.

Погребот е утре во 12.00 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.  Претставник на Фудбалската федерација на Македонија ќе му оддаде последен поздрав на долгогодишниот фудбалски работник.