Поранешниот фудбалер на Ливерпул а сегашен на Дерби, Андре Виздом бил нападнат и избоден со нож пред својот дом  од засега непознати напаѓачи.

Виздом е пренесен во болница, изминтиов викенд настапи за Дерби, клубот го потврди инцидентот.

„Мојот брат е нападнат, прободен е со нож и во моментот е во болница“ – изјави по инцидентот сестрата на Виздом.

Андре Виздом беше голема надеж на англискиот фудбал, запиша 22 натпревари за Ливерпул, потоа го напушти клубот.