Според информациите на The Independent, европските фудбалски власти можат да го забранат фудбалот дури до септември, сето тоа поради пандемијата на Коронавирусот.

Во вторник е планирана средба меѓу УЕФА и претставниците на асоцијациите на земјите членки, раководството на Асоцијацијата на европските клубови, Асоцијацијата на европските професионални лиги и Асоцијацијата на професионалните фудбалери, на која ќе се решава судбината на европскиот фудбал.

Се очекува да се одложи ЕУРО 2020 и да се сопрат фудбалските активности во цела Европа. Една од варијантите е тоа да трае дури до септември.