Претседателот на ФИФА Џани Инфантино застана против формирање на европска Премиерлига, која во последно време „тајно“ се разгледува по иницијатива на неколку моќни финансиски центри.

Во интервју за германските медиуми, Инфантино наведе дека ФИФА е фокусирана на успех на Светското клупско првенство во новиот формат, на кое од 2022 во Кина ќе учествуваат 24 екипи.

Како претседател на ФИФА, јас сум заинтересиран за Светското клупско првенство, а не Супер лига. За мене не е во прашање меч на Баерн Минхен против Ливерпул, туку меѓу Баерн и Бока Јуниорс“, изјави Инфантино