Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во разговорот со Sky Sport Newsнавести можност за откажување на пријателските средби на националните репрезентации, како превенција од ширењето на коронавирусот.

„Ништо не смееме да исклучиме. Не треба да паничиме и јас лично не сум загрижен, но мораме да ја анализираме ситуацијата, па во врска со тоа, ако треба, и ќе ги откажеме пријателските средби“.

Планирано е на крајот на март да има голем број на пријателски репрезентативни натпревари.