Еден од најдобрите фудбалери на 21.век, Андрес Иниеста во интервју за шпанските медиуми упати молба до раководството на Барселона да не го продава Иван Ракитиќ во зимскиот преоден рок.

Хрватот оваа сезона не е во плановите на тренерот Валверде и добива мала минутажа, па се погласни се шпекулациите дека ќе ја напушти Барселона. За него интерес покажуваат неколку европски гиганти меѓу кои Манчестер Јунајтед, Интер и Милан.

Јас да сум во Барселона не би го пуштил Ракитиќ. Тој игра одлично. Величествено е тоа што го прави сиве овие години. Годинава можеби не се истакнува како претходно, но тоа не значи дека не е врвен фудбалер“-изјави Иниеста.