Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње може и да се опорави на време за да настапи за реваншот со Барселона од осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Лоренцо Инсиње се повреди во последната минута против Лацио и беше подложен на повеќе тестови и испитувања. Ја следиме неговата состојба од ден во ден.“ – велат од Наполи.

Според медиумите во Италија, има шанси Инсиње да биде подготвен за дуелот на „Камп Ноу“ закажан за во сабота. Првиот натпревар во Италија од осминафиналето во ЛШ заврши без победник, 1:1.