Тренерот на Интер, Антонио Конте, наводно, е многу блиску да ги придобие Артуро Видал и Сандро Тонали од Барселона, односно Бреша.

Поранешниот тренер на Јувентус имаат одличен однос со Видал од времето во Торино, а и двајцата имаат желба повторно да соработуваат, додека Тонали со кого Интер преговара, останува приоритет на Конте во летниот преоден рок.

Доколку овие двајца пристигнат на „Џузепе Меаца“ многу веројатно клубот ќе го напуштат Весино, Валеро и Гаљардини, а во прашање ќе биде доведен и статусот на Раџа Наиголан.