Лидерот во Серија А, вечерва од 20:45 ќе го пречека Јувентус во дербито на седмото коло. Избраниците на Антонио Конте посакуваат продолжување на победничката низа во новата сезона во која имаат шест од шест.

Пред себе го имаат составот на Сари кој на последните пет соочувања со Интер нема пораз во Калчо лигата.

Во редовите на Конте единствено не е во комбинација за настап Алексис Санчез поради суспензија. Кај Јувентус повредени се Килеини, Коста, Данило, Де Шиљо и Перин.

Ова се најавените состави според Газета Дело Спорт за денешното дерби.