Интер брзо ги реши проблемите настанати со повредата на првиот голман Самир Хандановиќ, кој го скрши прстот.

Него ќе го замени Емилиано Вивиано, кој ќе дојде како слободен агент, што значи дека ќе може да потпише договор, иако заврши зимскиот преоден рок.

Последен клуб на Вивиано беше Спортинг Лисабон, а еден дел од сезоната тој ја мина и во СПАЛ, каде беше на позајмица.

Се очекува дека Вивиано наскоро ќе ги мине медицинските тестови за Интер.