Лајпциг му порача на Интер да побрза со конкретна понуда за Тимо Вернер, бидејќи Јирген Клоп и Ливерпул се заинтересирани за репрезентативецот на Германија.

Интер покажа сериозен интерес за Тимо Вернер, засега конкретна понуда нема поради ситуацијата со Лаутаро Мартинез и трансферот во Барселона.

Трансферот на Вернер во Интер зависи од одлуката на Барселона дали ќе му исплати на Интер 111 милиони евра, половина од оваа сума клбот од Милано е подготвен да ја исплати за потпис на репрезентативецот на Германија, тврди Газета Дело Спорт.

Вернер на фудбалската берза вреди околу 65 милиони евра.