Доколку Интер денеска го победи Спал ќе постави нов клупски рекорд, ќе има најдобар старт на сезона во Серија А.

Со победа над Спал, екипата на Интер ќе има 12 победи сезонава од 14 натпревари во калчо лигата, резултат кој досега не успеал да го запише во клупкста историја.

Интер ќе се израмни со Јувентус и Наполи кои во сезоните 1949-50 и 2017-18 имаа ваков импресивен резултат.

Доколку го победи Спал, екипата на Интер ќе биде петата во историјата на калчото кој постигнала гол на сите 14 натпревари на почетокот од сезоната, тоа им успеало на Јувентус, Милан, Рома и Фиорентина.

Средбата меѓу Интер и Спал се игра од 15 часот.