Интер нема намера да го продава Милан Шкрињар, ова го изјави директорот на клубот од Милано, Пиеро Аусилио.

Во Тотенхем се чудат на оваа изјава на Аусилио, двата клуба преговараа интензивно изминатиот период, но до договор не дојде, Интер бараше 60 милиони евра, клубот од Англија поноди околу 40 милиони.

Интер не прифати размена на играчи, Тотенхем инсистираше дека Словакот не вреди повеќе од 30 милиони фунти, сепак двата клуба преговараа, н изјавата на директорот на Интер ги изненади претставниците на клубот од Англија.