Ромелу Лукаку вчера со шокантна изјава дека 23 од 25 играчи на Интер во јануари имале сипмтоми на Ковид-19 но не биле извршени тестови, тоа предизвика реакција на неговиот клуб.

Изјавата на Лукаку е конфузна е неточна, тврдат од Интер, точно е дека имаше играчи кои беа со температура, но само четворица, Шкрињар, Де Вриј, Дамброзио и Бастони.

Според Интер немало никаква драма во клубот, во јануари  клубовите немаа обврска за задолжителни тестови за Ковид -19, споменатите играчи не беа тестирани.

Интер тврди дека клубот во ниту еден момент  не бил во ситуација која ја опиша Лукаку, за тоа постојат докази дека сите играчи беа во тренажен процес.