Мохамед Бин Салман, саудискиот принц кој е на чело на инвестициски фонд ПИФ, тие се сопственици на Њукасл, со кого имаат големи амбиции.

Еден од најбогатиот луѓе во светот, покрај англискиот премиерлигаш, сега сака да го купи и великанот од Италија, Интер е следна цел.

Според достапните информации од Италија, Мохамед Бин Салман понудил милијарда евра за купување на Интер.

Клубот од Милано е во финансиски проблеми, мораа да продаваат, но и натаму проблемот е актуелен, сега газдите од Кина имаат понуда за продажба на своите акции.

Семејството Жанг треба да одговори на понудата, со оглед на вложувањата на газдата на ПИФ кои ги има во недвижнини во Милано, се чини дека е на добар пат да го купи и Интер.