Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека ја активирал опцијата да го продолжи договорот на Ешли Јанг, а следна  цел е да се задржи и Алексис Санчез.

Поранешниот англиски интернационалец пристигна во јануари на шестмесечна позајмица, но и со опција позајмицата да се продолжи на уште една година. Тој им се придри  на неговите поранешни соиграчи од Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку.

„Можам да кажам дека ја активиравме опцијата за Јанг. Наша цел е да ги задржиме сите, вклучително и Алексис Санчез.Тој игра одлично по повредата, мислам на натпреварите против Барселона и Сампдорија. Ме потсети на најдобрите сезони во Удине и во Арсенал. Тој беше несреќен, но ова за него е одлична можност да ги покаже своите квалитети“– рече тој за „Sky Sport Italia“.