Откако го комплетират ангажманот на Хакими од Реал Мадрид, од Интер продолжуваат со преговорите со потенцијалните нови засилувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Конте побарал од управата да му се исполни желбата, односно да го ангажираат Емеросн Палмиери од Челси во овој преоден рок.

Левиот офанзивен бек игра за Челси од јануари 2018 кога „Сините“ го купија од Рома за 20 милиони евра.

Лампард не верува многу во квалитетите на Емерсон и поради ова шансите за негов кам-бек во Италија се големи.