Она што долго време се шпекулираше, денеска е официјално.

Интер го доведе Лусиен Агуме, а младиот тинејџер ќе го носи дресот на „нероазурите“ во наредните три сезони. Тимот од Милано му плати на француски Сошо 4.5 милиони евра, а младиот француски репрезентативец е третото засилување сезонава за тимот на Конте, откако претходно потпишаа Лазаро и Сенси.

17-годишниот Агуме минатата сезона запиша 16 настапи за сениорскиот тим на Сошо, а за него летово пројави интерес и Барселона, но французинот сепак се одлучил за тимот од „Џузепе Меаца“.