Интер, наводно, бара да го доведе најдобриот фудбалер на Наполи, Дрис Мертенс, а со самото тоа тимот од  Сан Сиро во нападот ќе го има ударниот двоец на Белгија Мертенс- Лукаку.

Од Белгија тврди дека Антонио Конте долги години наназад го сака Мертенс, а додека го водеше во Челси не успеа да го доведе на „Стемфорд Бриџ“ иако се обиде. Договорот на 32-годишниот Белгиец истекува следното лето,а  Наполи нема план да му понуди нов договор.

Фановите на Интер стравуваат доколку се случи овој трансфер многу веројатно, италјанскиот гигант ќе остане без Лаутаро Мартинез за кого Барселона е цврсто решена да го виде во своите редови.

Интер моментно е лидер во Серија А, со еден бод повеќе од Јувентус, додека Наполи е седмопласиран.