Милански Интер ја доби првата рунда во правната борба со Интер од Мајами на Дејвид Бекам.

Италијански Интер го тужеше Бекам и неговиот Интер поради злоупотреба на брендот во САД, бараат од Англискиот сопственик да го смени името на клубот.

Правната борба започна во јуни 2018 година кога Бекам објави дека неговиот клуб ќе го носи името Интер Мајами во МЛС лигата.

Интер од Милано го има заштитено своето име на клубот и на териотријата во Америка уште во 2014 година, па затоа побара од Дејвид Бекам да го смени името на клубот.

МЛС и Бекам денеска ја загубија првата рунда во судскиот процес , се обидуваат да докажат дека имаат право на користење на името Интер , нивната одбрана тврдеше дека ова име е Интернационално и секој има право на користење.

Судот ги одби нивните аргументи со назнака дека Интер Милано го има заштитено својот бренд на територијата на САД пред шест години.