Како што пишува Кориере Дело Спорт, Сандро Тонали е пред потпис со Интер кој го победи Јувентус на трансфер берзата.

Тонали важи за новиот „Пирло“ во италијанскиот фудбал, има 20 години, репрезентативец на Италија и голема фудбалска надеж.

Фудбалерот на Бреша, потврдил дека е подготовен за преселба кај Интер, клубот од Милано ќе исплати 50 милиони евра што е сума пониска од планираното на преседателот на Бреша, Масимо Челино.

Според проценките на Кориере Дело Спорт, Челино се сложил трансферот да биде реализиран поради финансиската криза во која се наоѓа Бреша.