Денеска се одигра мечот меѓу младинците на Интер и Јувентус во калчо лигата, победи тимот од Милано со 5-1 како увертира на големото „Дерби на Италија“  вечерва на „Џузепе Меаца“.

Младинците на Интер убедливо ги победија своите врсници од Торино, четири различни играчи беа стрелци на головите за победничката екипа, Коломбини, Фонсека,Мулатери кој постигна два гола и Гнонто, за Јувентус почесниот погодок го постигна Калу Сене.

Надежите на Интер имаат четири од четири во младинската лига, сениорскиот тим има шест од шест.

Вечерва се игра главниот меч меѓу двата големи ривали на фудбалот во Италија, Интер е домаќин на Јувентус од 20-45 часот.