Мауро Икарди останува во ПСЖ, Интер и „светците“ се договорија, Аргентинецот е продаден за 50 милиони евра со дополнителни 8 во бонуси.

Интер се заштити, доколку Икарди еден ден се врати во клуб од Италија, ПСЖ ќе му исплати во тој случај дополнителни 15 милиони евра.

Иако клаузулата беше 70 милиони евра, Интер в оситуација кога има голема финансиска криза се реши на ПСЖ да му даде попуст.

ПСЖ беше задоволен од Икарди кој по доаѓањето во редовите на шампионот од Франција одигра 31 натпревар во сите конкуренции, постигна 21 гол.