Интер, пред две седмици остана без својот прв голман Самир Хандановиќ, кој доживеа повреда на прстот од левата рака. Словенецот се очекуваше да се врати за 10-тина дена но опоровувањето оди побавно од предвиденото, па така раководството на Интер се насочи да го ангажира Емилијано Вивиано.

Според „Corriere dello Sport“, „Tuttomercatoweb“ и „Sport Sportia“, веќе е склучен договор со 34-годишниот Вивиано и се очекува само да ги мине медицинските прегледи.

Тој е слободен агент откако неговиот договор со Спортинг КП беше раскинат со взаемна согласност, а последно настапуваше за Спал како позајмен играч.

Вивиано дресот на „нероаѕурите“ го носеше од 2011 до 2012 година. Моментанлно  голот на Интер го брани Даниеле Падели кој на дербито против Милан во повеќе наврати покажа несигурност и не ја оправдува укажаната шанса.