Интер, следните денови и конечно ќе го официјализира трансферот на Тонали од Бреша, кој првично ќе пристигне на позајмица, но „нероаѕурите“ ќе имаат можност целосно да го откупат неговиот договор..

„Кориере ди Бреша“ тврди дека двата клуба се согласиле да склучат договор Тонали да се пресели во Интер како позајмен фудбалер, а неговата целосна откупна клаузула изнесува 35.милиони евра.

20-годишникот ќе заработува 2,5 милиони евра годишно во Интер. Италијанскиот интернационалец сезонава постигна еден погодок и запиша седум асистенции во Серија А.