Интер му се закани на Икарди дека ако не прифати трансфер ќе биде „замрзнат“  и следните две години нема да настапува за екипата.

Како се ближи крајот на преодниот рок така раководството на Интер станува нервозно. Икарди во текот на вчерашниот ден најави дека нема да замине  летово поради бременоста на сопругата Ванда.

Оваа информација ги натера првите луѓе на Интер да упатат закана до Икарди кој има уште две години договор со тимот од Милано.

Интер очекува големо обештетување од евентуален трансфер на Аргентинецот, финансии со кои сака замена во нападот, засега се заглавени преговорите со Лукаку, Џеко сеуште не е член на тимот од Милано.