Оле Гунар Солскјер по вчерашниот пораз од Кристал Палас на новинарско прашање потврид дека Санчез може да си замине од екипата на Манчестер Јунајтед ако пристигне нормална понуда.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер утре ќе започне нова рунда преговори со управата на Јунајтед околку можноста да го позајмат напаѓачот а да го откупат во целост следното лето.

Санчез во случај да замине на позајмица во Интер ќе добива плата и од двата клуба. Конкретно Чилеанецот ќе продолжи да заработува по 500 000 евра неделно со тоа што 200 000 евра ќе добива од Манчестер.