Од Каљари потврдија дека тие не одлучуваат во однос на ангажманот на Наинголан кој оваа сезона е позајмен кај нив од редовите на Интер.

Според медиумите од Италија, Антонио Конте е подготвен да му даде нова шанса на плејмејкерот кој заедно со Мауро Икарди беа исфрлени од тимот минатото лето за време на подготовките а потоа и дадени на позајмица.

Конте верува дека Наинголан има квалитет кој ќе го подобри тимот но само доколку ги прифати неговите правила на игра.

Доколку Наиголан прифати да се врати во Интер ќе мора во целост да го почитува Конте и неговиот начин на работа.