Интер и Наполи се незадоволни од терминот за одигрување на полуфиналните мечеви од Купот на Италија. За разлика од нив, учесниците на вториот полуфинален пар, Јувентус и Милан мудро молчат.

Одлуката на ФИГЦ да се одиграат прво реванш мечевите од Копа Италија пред почетокот на првенството наиде на отпор кај италијанските великани. Мечевите меѓу Интер-Наполи и Јувентус-Милан треба да се одиграат на 13, односно 14.јуни, додека Серија А продолжува на 20.јуни.

Интер инсистира да се промени оваа одлука, ако се знае дека финалето ќе се одигра на 17.јуни, што значи дека подобриот од двомечот Јувентус- Милан ќе има еден ден повеќе за одмор.