Наполи веќе подолго време бара напаѓач, преговара со неколку играчи , еден од нив е и Икарди кој е на излезна врата кај Интер.

Сепак преговорите не одат во вистински правец, Интер не попушта, Наполи ги нема тие големи милиони за Аргентинецот.

Според медиумите од Италија, разликата меѓу Интер  и Наполи околу Икарди е голема  и изнесува 30 милиони евра. Интер за својот напаѓач бара 80 милиони, Наполи е заглавен кај понудата со 50 милиони евра.

Целата ситуација ја следи Рома која е во преговири со Интер за Един Џеко и се чини дека „волчицата“ е поблиску до потпис со Икарди отколку Наполи.