Интер и Севиља вечерва за прв пат во своите долги клупски истории ќе се сретнат во меч под знакот на УЕФА во борба за првиот европски тртофеј сезознава што ќе го подигне победникот во Лигата на Европа.

Финалето во второто по ранг европско клупско натпреварување се игра во Келн, со почетокот во 21 часот, а правадата ќе ја дели Холанѓанецот Дани Макелие.

Според вестите од двата табора, Аргентинеџот Окампос, кој со голот во 88 минута против Вулверхемптон ја однесе Севиња во полуфиналето, е неизвесен за настап,  додека Интер ќе биде без Матиас Векино, а под знак прашалник е Чилеанецот Алесис Санчез.

Севиља влегува во вечерашното финале со импресивна серија од 20 натпревари без пораз во сите натпреварувања, добивајќи осум од последните девет натпревари.

Од друга страна, италијанскиот тим своите надежи ги полага во својот убоит напаѓачки двоец  Ромел Лукаку и Лаутаро Мартинез, кои заедно сезонава постигнаа импресивни 54 голови.  И двајцата од уото „Лу-Ла“ по два пати се запишаа во листата на срелци во полуфиналето. Мартинез има мотив плус да стигне до трофејот, ден по финалето полни 23 години.