Матео Дармијан следното лето ќе се пресели во Италија откако Интер успеал да се договори со десниот бек на Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот репрезентативец следното лето ќе остане без договор и ќе може без оштета да се врати во Италија. Ангажманот на Арон Ван Бисака на „Олд Трафорд“ значеше дека Дармијан нема иднина во црвениот дрес под водство на Солскјер.

Според Раи Спорт, 29 годишниот офанизивен бек сака да работи со Конте во Интер и тоа било единствениот предузлов во договорот. Конте да остане во Интер следната година а Дармијан да потпише тригодишен договор.

Управата на Интер решила да ја искористи стратегијата на Јувентус и да преговара со играчи кои се во последната година од договорите со своите моментални клубови.

Колку ова ќе му донесе резултат на тимот предводен од Антонио Конте ќе покаже престојната сезона но и следната во најсилната лига во Италија.